Група Европарламентарци денеска во Стразбур побараа да не се поместуваат стрелките на часовниците. Група од 70 парламетарци поведоа иницијатива да се укине тн. летно и зимско мерење на времето со поместување на часовникот за еден час понапред или поназад . Во Европскиот парламент во Стразбур тие бараат укинување на директивата на Европската комисија за менување на времето два пати во текот на годината поради , како што велат , негативната пракса. Парламентарците своето барање го поткрепуваат со научните докази дека 20 проценти од популацијата во Европа има здравствени проблеми поради поместување на времето . Ова во име на групата го образложи Чешкиот пратеник Павел Свобода, кој ја предводи групата пратеници .
извор:канал 5
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.