| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една далавера со штедилници во Битола

Педесет и двегодишната С.Г., поранешен ликвидационен управител на штедилницата „Либерти интернационал“ од Битола, Љ.С.(68), поранешен стечаен управител на штедилницата и К.В.(60), стечаен управител, добија кривични пријави за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

С.Г. како сопственик на штедилницата во 1995 година поради неисплатен кредит од фирмата „Дук Кар“ повела судски спор во кој е донесена пресуда со која деловните простории на фирмата „Дук Кар“ и ги доделува на птедилницата. Меѓутоа, во 1997 година вработените од фирмата „Дук Кар“ повеле судски спор со кој го оспориле договорот врз основа на кој бил одобрен кредитот, по што судот донел пресуда дека договорот е ништовен, а имотот се враќа на „Дук Кар“.

И покрај оваа пресуда, С.Г. не го вратила деловниот простор туку склучила договори за закуп со физички лица, а по пресудата не постапиле и стечајните управници Љ.С. и К.В., со што причиниле штета на „Дук Кар“ во износ од 7.115.857 денари околу 116 илјади евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top