| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски го повика Заев на ТВ дуел

Ајде отворено да разговараме за Договорот со Грција, вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски доцна вечерва за време на својата прес-конференција во партиското седиште го повика премиерот Зоран Заев на телевизиски дуел.

Како што исткна Мицкоски тој бара ТВ дуел не само за Договорот со јужниот сосед, туку и за низа други теми за кои тој смета дека треба да се дебатира пред реферндумот.

Верувам дека Македонија ќе победи, рече Мицкоски повикувајќи го Заев на ТВ дуелот. Претходно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека Договорот со Грција, како партија нема да го подржат и дека остануваат на својот став, дека се работи за договорот со кој се менува македонскиот инденетит, културата, документите, Уставот.

-Бидејќи поминаа повеќе од четири месеци од нашето јавно соочување, а се случија многу работи. Почитуван претседател на Владата Зоран Заев, ајде заедно на дебата, на ТВ дуел затоа што имаме на маса договор со Грција, афери, корупција, скандали, затоа што многу работи треба да бидет слушнати, рече Христијан Мицкоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top