| четврток, 6 декември 2018 |

Елена го бара биолошкото семејство: Помогнете да си го најдам мирот!

Повеќе од десет години трае потрагата на Елена Стоилковска по нејзиното биолошко семејство. Младата жена, која денес живее во Словенија, вели дека е уште едно од оние деца кои живеат со секојдневни прашања и неизвесност, во очајна потрага по вистината, по биолошките родители, сестри, браќа, по вистината за нејзиното потекло, пренесува „Фокус“.

Таа имала малку податоци за своето потекло. Веста дека е посвоена ја дознала кога имала 12 години. Семејството кое ја посвоило живеело во Битола, но и покрај тоа што со посвоителите имала убав живот во слога и разбирање, тие не можеле да и помогнат да си ги пронајде корените. Единствените податоци кои ги добиле при посвојувањето, од Домот за деца и доенчиња во Битола, биле датата и место на раѓање, како и името кое го добила по раѓањето.

-Според оние документи кои што ги имам, родена сум во Неготино на 12.02.1982 година. Во решението кое што го видов, стои дека името ми било Зорица Цебовска. Не знам за презимето, дали е тоа моминско на мајката, дали е на таткото, немам податоци… Тоа е за жал, се што знам. Неготино е мало место, верувам дека некој нешто знае, дека ќе се сети на тој датум, на жена која родила девојче тогаш, на било што, што може да ми помогне да го најдам моето биолошко семејство. Се надевам дека овој пат ќе наидам на вистинска помош од луѓе кои се во Неготино, и ќе бидам најблагодарна, затоа што пронаоѓањето на мојот идентитет ќе ми олесни многу за да го најдам својот мир – раскажува Елена.

Прочитајте ја целата приказна на Елена на „Фокус“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top