| четврток, 6 декември 2018 |

Тина Тарнер на 73 години стапна на лудиот камен

Мегаѕвездата Тина Тарнер и нејзиниот партнер Ервин Бах се заедно веќе 25 години и конечно одлучиле да застанат пред олтарот, пишува порталот „Нетпрес“.
Вљубената двојка е доказ дека за љубовта нема граници и се пример за младите кои не се решаваат на овој чекор. Двајцата ќе ги разменат своите завети на 21 јули во Швајцарија, во земјата во која Тина стана официјален државјанин во април.
Свршеникот на 73-годишната Тарнер има 53 години, што исто така беше предмет на коментари и критики, но во никој случај тие не упееја да им наштетат на нивната врска. Двојката се запозна во далечната 1987 година кога се сретнале во нејзината издавачка куќа.
Тина и Ервин ќе ја одржат нивната свадбена церемонија на плажа. Ова ќе биде втор брак за Тарнер, која се разведе од првиот сопруг Ајк Тарнер во 1978 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top