| четврток, 6 декември 2018 |

Син и се самоуби, а таа сега има порака која го крши срцето!

Најстариот син на Тина Тарнер, Крејг Рејмонд Тарнер, изврши самоубиство на почетокот на јули во 59 година од животот, а славната пејачка се огласи на Фејсбук со порака која погаѓа право во срце.

-Мојот тажен момент како мајка. Му го кажав последното збогум на синот кога ја фрлив неговата пепел на брегот на Калифорнија. Имаше 59 години кога почина, но тој секогаш ќе биде моето бебе – напишала Тина на својата официјална Фејсбук страна.

Телото на Крег беше пронајдено во неговиот дом во Калифорнија, а обдукцијата покажала дека си пукал со сачмарка во глава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top