| четврток, 6 декември 2018 |

Десонанз фестивал: Мултимедијален концерт во Музеј на град Скопје

Desonanz festival во соработка со AudiobahnEpicentar и Музеј На Град Скопје го претставува првиот настан од серијата мултимедијални концерти и инсталации, отворени за ограничен број на посетители во живо и пренесувани на Audiobahn стримот. Целта е креативно истражување на сите интересни, несекојдневни и визуелно импресивни локации кои нашиот град може да ги понуди, како и нивна визуелна и музичка (ре)интерпретација низ уметноста на врвни артисти од областа на електронската и електроакустичната музика.
-За првиот настан од овој серијал, решивме да почнеме од почеток, да се вратиме далеку во минатото и да емитуваме од историскиот дом на Големата Мајка – халата на етнолошката поставка на Музејот на Град Скопје, длабоко во утробата на Старата Железничка Станица + клубска журка во Epicentar за затворање на вечерта, велат организаторите.
Нов живот на древните артефакти ќе даде музиката на Lakker (R&S Records, Stroboscopic Artefact, Blueprint), кои ексклузивно во Скопје за овој настан ќе ја претстават најновата итерација на нивниот спектакуларен Audio/Video настап во живо, последен пат виден на легендарното затворање на мултимедиа фестивалот Berlin Atonal 2015.

-AV настапите на Lakker се ретки, но легендарни – комбинација на авангардни видео-текстури со беспрекорен дизајн и вистинска концертна изведба со реална употреба на вокали, инструменти и хардвер во живо. Dara Smith (Arad) од Lakker во живо ќе го претстави новиот соло албум The Glimpse (Bedouin Records), додека ритуална церемонија за почеток на настанот ќе изведе гностичкиот колектив +ВС+ , велат тие.
Согласно безбедносните правила на музејот, ограничена количина карти (вкупно 75) се достапни за најголемите фанови кои ќе ја имаат уникатната шанса да бидат присутни во живо додека се создава магијата. Картите можат да се купат преку продажната мрежа на MKTickets, или да се резервираат со испраќање порака на Desonanz или Audiobahn профилите.
Музеј на Град Скопје // Петок (14.09.2018) // 20:30
▲ LAKKER / live AV ▲
(R&S Records / UK)
▲ ARAD / live AV ▲
(Bedouin Records / UK)
▲+ВС+ / live AV ▲
(Broccoli / AAA)
Клуб Епицентар // Петок (14.09.2018) 23:59
► ARAD -DJ set-
(Bedouin / Electric Deluxe)
►Andreas Hz b2b Kronom (Desonanz)
►Bodan Jamakoski (Audiobahn)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top