| четврток, 6 декември 2018 |

Со гала концерт се отвора десеттиот „Desonanz Festival“ во Македонска филхармонија

Квалитет и Контекст. Современата музика ја достигна сингуларноста, точка во која сите жанрови, сите инструменти и сите звуци сочинуваат една Музика. Кога аналогното станува дигитално, електронското станува акустично, кога панкот е диско, класичната музика е метал и тишината е инструмент, единствените два критериуми кои се битни за музиката се Квалитет и Контекст. Водејќи се по овие два принципи, програмата на Desonanz Festival 2018 е богатство од врвна музика од широк спектар на жанрови, внимателно селектирана и ставена во контекст кој го вади најдоброто од уметноста во просториите на Македонска ФилхармонијаMuzej Na Grad SkopjeОтворено Графичко Студио и клубот Epicentar.
Овој Desonanz ќе имаме можност да посведочиме две легенди на мултимедијалната уметност како даваат нова свежина на векови стари симфонии, да видиме масивна видео инсталација како го краси клубскиот подиум, да ги чуеме премиерно новите проекти на некои од најголемите имиња на македонската музика и да ги одиграме најновите берлински хитови во клуб со огромен звук.
Гала концерт и свечено отворање
Среда (31.10.2018) // Македонска Филхармонија // 20.30 часот
Две имиња на современата музика чии звуци и видео-колажи долги години се извор на восхит и инспирација за генерации на електронски музичари, амбиенталисти, класични композитори и видео уметници. Fennesz е композитор, гитарист и еден од великаните на модерната класична музика, чест соработник на Дејвид Силвијан, Рјуичи Сакамото, Џим О’Рурк и секако проектот Fennesz+Lillevan, еден од најимпресивните мултимедијални проекти на денешницата и често дел од програмата на престижните светски фестивали од рангот на Transmediale, Unsound, Ars Electronica и сл. Lillevan е германски ликовен и видео уметник, пионер на модерната видео-уметност и нејзината соодветна примена во музички контекст. Неговиот мек и органски стил на видео продукција со бројни аналогни артефакти е уникатен и нашироко препознатлив и имитиран во светот на денешната електронска музика.
Fennesz + Lillevan present Mahler Remixed
(Touch / Mego / Ninja Tune ::: Vienna/Berlin)
https://en.wikipedia.org/wiki/Fennesz
http://www.fennesz.com/
http://www.lillevan.com/
Cummi Flu & Raz Ohara
(Albumlabel / Kitty-Yo / Get Physical ::: Berlin)
http://polychromesounds.com/portfolio/cummi-flu/
https://www.discogs.com/artist/4080763-Cummi-Flu
Kokan Dimushevski: Private Music
(electronics and viola)
https://my.yamaha.com/en/artists/k/kokan_dimusevski.html
https://www.discogs.com/artist/848673-Nikola-Dimu%C5%A1evski
Видео Инсталација “Polymath” // проект на 0 Kolor // sound by AAAAAA – Untitled I
Презентација: Dwr: “record playing is the acknowledgment of multitudes of miniature earthquakes” http://www.desonanz.org/dwr/
10 години Desonanz (видео инсталација) // проект на 0 Kolor

Клубска Вечер – 10 години Killekill Berlin
Петок (02.11.2018) // Epicentar // 22:00 часот
Берлинската издавачка куќа и институција на ноќниот живот – Killekillзаедно со Desonanz го прославуваат својот 10ти роденден!
Масивна клубска вечер со три од најголемите имиња во редовите на интернационалната Killekill фамилија. Настапи на ирскиот техно волшебник Eomac, настап во живо на крзнените контроверзии Furfriend и селекција на музика од човекот зад Killekill и култна фигура на берлинската клубска сцена зад кулисите но и зад грамофоните – DJ Flush.
Eomac  Furfriend (Live)  DJ Flush  Rikaloski
http://www.killekill.com/
https://www.residentadvisor.net/promoter.aspx?id=9906
Видео Инсталација “Polymath” // проект на 0 Kolor
Концерт – A Night at The Museum
Сабота (03.11.2018) // Музеј на Град Скопје // 20:30
Sim Hutchins (Live AV)
https://hutchinssimthetik.bandcamp.com/
Niskogradba (Live AV)
https://ampeff.bandcamp.com/album/loops-from-the-12th-house-ampeff-023-ep-2018
Pure Data Workshop Presentation with Jean-Francois Castel-Branco

Клубска Вечер – Festival Closing Party
Сабота (03.11.2018) // Epicentar // 00:00
Purita D [Killekill]
https://www.residentadvisor.net/dj/puritad
Diah [Btkrsh/Code XX/Desonanz Festival]
Maggie [Btkrsh/Code XX/Desonanz Festival]
https://www.mixcloud.com/maggiexx/stream/
Sim Hutchins (floor live)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top