Триесет и третото издание на македонскиот фестивал за забавна музика „Макфест“ ќе се одржи на 4, 5 и 6 октомври на сцената во Домот на културата во Штип.
На фестивалот ќе се изведат вкупно 32 песни, поделени во две полуфинални вечери, како и самото финале.
Уметничкиот директор на фестивалот, Владимир Дојчиновски открива дека ќе има измени во начинот на гласањето, односно дека нема да има телевоутинг, ќе има две жирија, односно ќе гласа и публиката во салата. Исто така, ново е тоа што нема да има гости од странство, односно и на шоу програмата ќе настапуваат само македонски изведувачи.
- За овој фестивал е важно што се враќаат и автори и изведувачи кои подолг период не беа присутни на „Макфест“. Ќе настапат Дани Димитрова, Ѓоко Танески, Наташа Малинкова, Роберт Билбилов, Симона Попоска, Антонија Гиговска, Пепа Димитрова, Џинас Папа Џокси, Маријан Стојаноски, Александар Тарабунов, Димитар Андоновски и „Тајфата“, триото „Џентлменс“, Огнен Здравковски, Мартинијан Кириловски, Горан Наумовски со Горан Папаз, Лена, Лина Пејовска, Мина Блажев, Анета Василева- Ристова, Игор Узунов, Сара Гиговска, Симеон Коруновски, Наталија Славева, Ивона Јовановиќ,Филип Пешевски, Мартина Митревска, Анастасија Аврамовска, Давид Миладинов, Христијан Проданов, Весна Спасова, Барбара и Наталија Данаилова – вели Дојчиновски.
Промени има и во паричните награди, така победникот на фестивалот ќе биде награден со 5.000 евра, а за второто место и третото место се издвоени 4.000, односно 3.000 евра. Исто така ќе бидат доделени и четири стручни награди, за арнажман, текст, интерпретација и сценски настап. За нив ќе се додели парична награда од по 500 евра
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија