| четврток, 6 декември 2018 |

Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија

1. НАГРАДАТА ,,ЗЛАТНА ЛИРА највисоко професионално признание кое го доделува Сојузот на музичките уметници на Македонија – СУММ  на музички уметници за животнодело се доделува на виолинистот МИХАИЛО КУФОЈАНАКИС

1. НАГРАДАТА ,,ЗЛАТНА лира највисоко професионално признание кое го доделува Сојузот на музичките уметници на Македонија – СУММ  на музички уметници со цел да се истакнат најзначајните музички достигнувања во областа на музичкото исполнителство во текот на една година за 2017 година се доделува на   пијанистката МАРИЈА ЃОШЕВСКА.

Виолинистот МИХАИЛО КУФОЈАНАКИС, роден во Скопје, дипломирал 1981 г. наФакултетот за музичка уметност во класата на проф. Зоран Димитровски. Постдипломски студии завршил 1983 год. во Москва, СССР, на Државниот конзерваториум П. И. Чајковскиво класата на познатиот професор и Народен уметник на СССР Дмитриј Циганов. Почетоците на неговата повеќедецениска уметничка кариера ги одбележуваат настапи соМузичката младина на Македонија, со учество во музичките кампови во Грожњан-Хрватска, Умеа-Штедска, Светскиот младински симфониски оркестар во Лондон, Фрибург иСимфонискиот оркерстар на музичка младина на Италија (турнеја низ Италија,Швајцарија и Франција. Солистички настапувал со Македонската филхармонијаНишката филхармонијаКамерниот оркестар на МРТВ, камерните оркестри Загребски солисти, Македонскиот камерен оркестар, Академикум музикум и Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, Мандолинскиот оркестар при МКЦ – Скопје и мандолинскиот оркестар Скопје. Остварил низа солистички настапи во Русија, Бугарија, Чехословачка, ширум поранешната СФРЈ, Хрватска, Црна Гора, Австрија, Турција, Грција, Италија.

Настапувал повеќекратно на реномираните фестивали и манифестации: Охридско лето, Сплитско лето, Скопско лето, Денови на Југословенска музика во Херцег Нови, Фестивал на камерна музика во Пловдив-Бугарија, Денови на македонската музика во Скопје, Скопски културен мозаик во Загреб и Чаковецманифестацијата Св. Кирил и Методиј во Рим – Италија, Гоцеви денови во Турција, Бугарија и Црна Гора, Есенски музички свечености – Скопје, во Р. Хрватска реализирал настапи на Новаљско глазбено лето, Опатијско културно лето и летната музичка сцена во Омишаљ. Негови соработници низ изминатите 35 години уметничка дејсност се пијанистите Весна Петрушевска-Јакимовска, Маја Кастратовиќ и проф. Тодор Светиев.

Михаило Куфојанакис е еден од основачите на гудачкиот квартет Гајдов, чиј водач бил во периодот од 1989 г. до 1995 г. Бил концертмајстор на Македонската опера и балет (МОБ) од 2007 г. до 2009 г., и концертмајстор на Македонскиот камерен оркестар под раководство на маестро Ванчо Чавдарски. Во 1988 г. работел како професор наНовосадската музичка академија, а во 1989 г. на Приштинската академија. Од 1985 г. до денеска работи на Факултетот за музичка уметност – Скопје, како редовен професор по виолина. Бил член на жири на меѓународните конкурси по виолина: Охридски бисер – Македонија, претседател на жири на вториот Регионален конкурс по виолина во Приштина Косово, Музичари на новиот милениум во Скопје, Петар Коњович во Белград – Србија.

Добитник е на низа престижни награди и признанија меѓу кои се издвојуваат Бронзената плакета на меѓународниот меморијал Фрањо Крежма 1973 во Осијек – СФРЈ и наградатаЗлатна Лира 1990 за врвни уметнички дострели, доделена од  Сојузот на музички уметници на Македонија (СМУМ) за концертот изведен на фестивалот Охридско Лето 1989 со камерниот оркестар Загребски солисти. Реализирал бројни трајни записи за музичката продукција на МРТВ, компакт диск под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија, како и видео запис во живо од концертот на Камерниот оркестар на МРТВ на фестивалот Охридско лето 1991, каде Михаило Куфојанакис настапува како солист со изведба на Концерт за виолина, ударалки и камерен оркестар од композиторот проф. Михајло Николовски.

Марија Ѓошевска  е една од најистакнатите и најактивни пијанисти во Република Македонија. Секој нејзин нов настап ја потврдува констатацијата дека во нејзината личност македонската музичка сцена доби пијанист со врвни професионални перформанси, мунициозна виртуозност и изразита индивидуалност. Посебна е фасцинацијата од нејзината рафинирана и сензибилна пијанистичка обоеност, која резултира со извонредна сценска сугестија.

Музичкото образование го започнува во основното музичко училиште „Владимир Арсовски” во Неготино. Средното музичко училиште го завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј” во класата на проф. Снежана Анастасова Чадиковска (1998), а дипломира (2002), магистрира (2004) и докторира (2009) на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на истакнатиот пијанист и педагог проф. Борис Романов. Добитник е на повеќе награди и признанија на голем број државни и меѓународни натпревари од кои се издвојуваат следните награди:

  • 1992, 1995, 1998 – Прва награда на Републичките натпревари по пијано;
  • 1995 – Финалист на Меѓународниот натпревар по пијано во Усти над Лабен, Чешка;
  • 1997 – Трета награда на Меѓународниот натпревар „Николај Рубинштајн“ во Париз, Франција;
  • 1999, 2000 и 2001 година – Прва награда на натпреварот за полифорнија на ФМУ во Скопје.

Рецитално настапува на повеќе реномирани меѓународни фестивали: “Охридско лето” , “Скопско лето”, “Хераклејски вечери” и во повеќе земји низ Европа: Англија, Франција, Италија, Хрватска, Турција, Бугарија, Чешка итн. Во Македонија нејзините рецитали редовно ги организира КИЦ (Културно Информативен Центар). Марија Ѓошевска е елитен репрезент на меѓународните културни претставувања на Република Македонија и Министерството за култура ширум Европа. Редовно настапува како солист со Македонската Филхармонија, а значајни се и концертите со Дубровачки Симфониски Оркестар, Камерниот оркестар на Музичка Младина на Македонија и фестивалскиот оркестар на меѓународниот фестивал “Охридско лето” соработувајќи со повеќе диригенти: Антон Нанут, Леонид Николајев, Патрик Штруб, Арилд Ремерајт, Јуриј Алиев, Саша Николовски – Ѓумар, Борјан Цанев и др. Воедно е и хонорарен соработник на Македонската Филхармонија.
Репертоарот на Марија Ѓошевска опфаќа голем број дела од барок до современа музика. Повеќе пати настапува на Деновите на македонска музика свртувајќи го врз себе вниманието како изведувач со истенчено чувство за домашното творештво. Во 2010 год. добива специјална награда од фондацијата „Томислав Зографски” и воедно станува почесен член на оваа фондација. Созревањето на Марија Ѓошевска во музичар со врвни перформанси се отчитува и во нејзините чести ангажмани како камерен музичар и пијано – соработник со истакнати инструменталисти. Таа е член на пијано-триото „ВАМ” (заедно со Владимир Костов – виолина и Александар Котевски – виолончело) и дуото со пијанистката Елена Атанасовска. Реализира аудио и видео снимки за потребите на МРТВ.

Марија Ѓошевска е вонреден професор на катедрата по пијано на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје и член на Сојузот на музички уметници на Република Македонија од 2009 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top