| четврток, 6 декември 2018 |

НБА: Чонси ќе игра повторно во Детроит

Билапс потпиша двегодишен договор со составот кој е во споственост на американскиот бизнисмен со македонско потекло, Мајк Илич, каде што повторно ќе биде и неговиот некогашен соиграч Рашид Валас, меѓутоа овој пат во улога на помошник тренер

Chauncey_Billups

Третиот „пик“ од НБА „драфот“ во 1997 година, минатата сезона имаше големи проблеми со повреди поради кои мораше да одигра само 22 натпревара во тимот од градот на ангелите, со просек од 8,4 поени и 2,2 асистенции.

Иако немаше премногу простор во таборот кој го предводи Крис Пол, Билапс минатата кампања ја заврши со големо признание бидејќи беше прогласен за најдобар соиграч.

Во Детроит, покрај играчката улога, ќе има и задолженија настрана од теренот затоа што ќе им помага на младите кошаркари, како Брендон Најт. Еве дел од потезите на Билапс, кои го одбележаа неговиот престој во „Мотор сити“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top