| четврток, 6 декември 2018 |

Локализиран пожарот во „Сувенир“

Локализиран е пожарот што настана по експлозијата во наменската фабрика „Сувенир“ во Самоков и состојбата е стабилизирана, информира портпаролот на СВР Битола Сања Стаматова.

Според неа, полицијата во моментов е на теренот, а во гаснењето на пожарот се ангажирани противпожарни екипи.

Експлозијата во фабриката, настана од засега сеуште непознати причини. Во полицијата е пријавена денеска во 16:10 часот. Од СВР Битола велат дека нема ниту повредени, ниту загинати во експлозијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top