Хрватската полиција синоќа приведе 12 Срби во местото Трпиња, кај Вуковар под сомнение дека извршиле воени злосторства од средината на септември до крајот на ноември 1991 година. Специјалните полициски единици со тешко вооружување упаднале во куќите на осомничените кои како раселени лица се вратиле во нивните огништа пред 16 години.
Уапсените се осомничени дека извршиле воени злосторства врз 16 хрватски цивили, воени заробеници, ранети и болни. Хрватската полиција не соопштила повеќе детали за случајот, само навела дека истрагата против уапсените е почната уште во 2000 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.