| четврток, 6 декември 2018 |

Смртта и онлајн заедницата

„Вол стрит журнал" неодамна објави анализа што се случува со „дигиталниот живот“ во случај на смрт. Иако постојат напори, САД и Канада сеуште немаат усогласени закони кои дигитални податоци и налози можат да се третираат како физички добра кои би можеле да се наследат по смртта.

Семејствата на починатите често се во јазот меѓу имотноправните решенија кои им даваат право на дигиталните податоци и заштитата на приватноста со која тоа се забранува. Дел од американците сега оставаат таканаречен „тестамент за социјални мрежи“ или едноставно го оставаат лозунгот на оние на кои им веруваат. Постојат и комерцијални компании кои овозможуваат услуги сите информации за налозите и сметките се чуваат на едно место.  Американските адвокати сепак предупредуваат дека тоа што некомусте оставиле пристап до вашиот налог по вашата смрт може да е нелегално, бидејќи се нарушуваат условите за користење на многу интернет компании. Без пристап до лозунгот на починатите, семејствата кои би сакале да влезат до податоците мора да ги почитуваат правилата на ИТ компаниите. За жал, заклучува Вол стрит, тоа може да биде еден збунувачки лавиринт бидејќи секоја компанија има поинаков приод кон ова прашање.

На пример Гугл нема да го згасне налогот без судска одлука, додека Фејсбук поттикнува гасење на профилот или преместување во „меморијален статус“ каде на профилот на починатиот пријателите ќе останат, но нема да може да се приклучуваат нови.

Еве дел од правилата на различни социјални мрежи по ова прашање во избор на „Вол стрит журнал“

  social_networking_account_of_death_personGoogle
–  Нема да ја открие шифрата за Gmail или Google+ ниту ќе пренесе овластување.
–  Нема да го деактивира налогот без судска одлука.
–  Можеби би открила содржина од налогот на починатиот доколку добие доказ за смртта, доказ за роднинската врска и судски налог.
–  Нема „Меморијална“ варијанта на Google+.

facebookFacebook
– Нема да ја открие шифрата ниту ќе пренесе овластување.
– Ќе го деактивира налогот на барање на семејството.
–  Ќе направи „меморијален“ налог ако добие известување за смртта.
– Нема да открие содржина без судски налог.

social-media-advertisingYahoo
Нема да ги открие шифрите.
– доколку корисникот би сакал некој да го преземе налогот и по смртта Јаху препорачува да се нагласи во тестамент името на наследникот, како и шифрите за налогот.
– Јаху ќе го деактивира налогот кога ќе добие копија од умреница.

 

social-media-300x300Microsoft
– Не го открива лозунгот и не пренесува овластувања за Hotmail/Outlook.com налозите.
– Не смета за противзаконско ако семејството има судски налог или поинакво овластување да се користи лозунгот на починатиот.
– На барање на семејството ќе го деактивира налогот.
– Може да обезбеди содржина од поштата на починатиот доколку семејството контактира со компанијата и приложи додатна документација.

Twitter-DeathTwitter
– Не го открива лозунгот.
– Не открива податоци без американски судски налог.
– Нема „меморијални“ налози.
– Ќе го деактивира налогот ако семејството контактира со компанијата со копија од умреницата, заверена изјава и други детали.

seo-social-media-iconsLinkedIn
– Не открива лозунг ниту пренесува овластувања.
– Дозволува други лица дури и вон семејството да ја пријават смртта, по што налогот ќе биде тргнат од „очи на јавноста“. Оние кои ја пријавуваат смртта мора да ја знаат електронската пошта на почитанатиот која е поврзана со налогот.
– На барање на семејството ќе го избрише налогот.
– Нема да открие податоци од налогот, дури ниту на семејството без судски налог.
– Нема „меморијални“ варијанти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top