Со голот на Ајвазјан во последните секунди од реваншот, ерменскиот тим Пјуник го победи Тетекс so 1-0 и го елиминира уште во првото коло од квалификациите за пласман во Европа Лигата на УЕФА.
Повторно Ајвазјан беше кобен за „текстилците“, а како и на првиот меч, напаѓачот на Пјуник погоди во финишот, овојпат за победа од 1-0. Првиот дуел заврши нерешено, 1-1, а со вкупен резултат од 2-1 Ерменците одат понатаму. Тие по вторпат елиминираат македонски клуб, откако претходно беа подобри и од Победа, во квалификациски дуели за пласман во Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.