Презентејшн то дис… или така некако. И да не беше така, беше нешто погрешно и ни приближно слично на точното… Видеото на кое Љуљзим Фаризи, помлад соработник во Државниот инспекторат за труд, зборува англиски го снема. Повлечено е од „Јутјуб“, ама тоа не го попречи младиот Фаризи преку ноќ да стане полиглот. Доволни беа неколку часа за тој да доживее фрапантна популарност. Ниту кандидатурата за градоначалник на Скопје не му помогна да се прослави како што му помогна јазикот. Заокружете број еден за кандидатот на Национална демократска преродба на Руфи Османи, Љуљзим Фаризи. Фаризи беше еден од оние кои на последните локални избори, што се оддржаа во март годинава, влегоа во трка за градоначалник на Скопје.
Напишаа и…:
– Не го дослушав, не можев да си ги средам мисливе. Треба да стои знак за радиоактивност и дека кој ќе го слуша, го прави тоа на своја одговорност.
– Човече, Калиопи за овој е Ѓоко Таневски!
– Ова е за плачење, а не за смеење.
– Не знам за вас, ама јас се наежив најсериозно. Грев е овој, бе.
– Ај, да го видам Google Translate да се обиде да го преведе ова на кој било јазик вклучувајќи и англиски… Јас мислев дека сум дрво за јазици….ама после ова….отварам училиште за странски јазици за македонски функционери и администрација (англиски, германски, руски, хрватски, српски, фински)… а за цели министерства давам и попуст на Grouper.
– Малку задткува ама удира и на велшки акценат појќе.
– Уби ме туџи срам.
– Ти си мојот херој. Сега знам ако ти си станал доктор и висок владин функционер, јас можам да станам научник или нуклеарен физичар.
Google Translate два дена не работи откако некој се обидел да го преведе говорот на Љуљзим
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.