| четврток, 6 декември 2018 |

„Хундаи“ удри во „априлиа“ – повреден e скопјанец

Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера околу 19:30 часот било пријавено дека на крстосницата од булевар „Јане Сандански“ и улица „23 Октомври“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Хундаи“ со скопски регистерски ознаки управувано од А.П.(29) од Скопје и моторцикл „Априлиа“ со скопски регистерски ознаки управуван од Д.Л.(60) од Скопје.

Во незгодата Д.Л. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top