| четврток, 6 декември 2018 |

Загина актерот Ванчо Петрушевски

Популарниот актер Ванчо Петрушевски почина утрово на 67- годишна возраст. Тој денес го изгубил животот во несреќен случај.

Петрушевски е роден во Скопје. Веднаш по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 19755 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде неговиот талент го истакнал веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје“ од Д. Јовановиќ.

Учествувал во голем број радио-драмсики проекти, телевизиски драми, серии и слично. Познат е по своите улоги во Македонски народни приказни. Во 2016 година освои Државна награда 11 Октомври за остварување во областа на уметноста и културата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top