Ванчо Петрушевски и Гоце Тодоровски, актерите од Драмски театар денеска беа народот и дел од протестниот марш кој го организираше граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
– Нема да дозволиме да бидеме уценети со туѓи палтформи. Ние граѓаните нема да дозволиме на мала врата некој да ни протурка нешто што ние не сме го гласале. Изборот кој секој од нас го направи беше Македонија, неподелена, суверена, заедничка Македонија. Зад оваа идеја застанале и Илинденците и Партизаните. Отфрлете тоа што сте прифатиле вие во СДСМ и компанија, сакаме да направиме граѓанска, народна палтформа, тука во Скопје, во нашата Македонија, платформа зад која ќе застанат Македонците, чесните Албанци, Турци, Роми Власи, Срби, Бошњаци. Тоа им го должиме ние на нашите деца – рече Петрушевски.
Тој нагласи дека време е да се погледнеме во очи и да кажеме, За Македонија се работи, само за Македонија.
-Македонија е нашата иделогоија, нашата партија, таа не повикува да се обединиме и да ја одбраниме заедно од обезличувањето. Ние друга резервна татковина немаме. Некој можеби имааат, ние сме единствени, нашата Македонија е наша татковина, рече Петрушевски.
Свое обраќање имаше и актерот Гоце Тодоровски, кој порача:
-Браќа Македонци, само едно ќе кажам што цело време ми стои во главата. Нашите сограѓани Албанци со 20%, а незнам дали се 20%, ќе видиме, побараа да бидеме „фифти- фифти“, 50-50. Замислете да беа 40%, што ќе побараа тогаш. Како не им е срам, навистина, како не им е срам, со 20% сакаат да бидат со нас рамноправни во најбезобразните идеи нивни. Да живее Македонија – рече Тодоровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Актерите се простуваат од Ванчо: Замина една од најголемите легенди на Драмски!!!
-
Глумецот Гоце Тодоровски замина во пензија
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено
-
„За заедничка Македонија“ : Сигурно е дека битката за правда и вистина продолжува, нашиот отпор е наша должност