Мал семеен хотел кој се наоѓа на 900 метри надморска височина во шума, во подножјето на Националниот парк Пелистер во еден од најстарите паркови на Балканот со површина од 17.150 хектари – на надморска височина од 927 до 2601 метри. Во текот на 2000 година и снимањето на легендарниот филм на Минчо Манчевски “Прашина”, околу два месеци во хотелот престојуваа познатите Џозеф Фајнс, Дејвид Венам од познатата трилогија Господарот на Прстените и Адријан Лестер. Како нивна тајна гостинка беше и светски познатата манекенка, црномурестата Наоми Кемпбел.
Од нив хотелот доби и подарок кој е поставен на највидното и заслужено место. Тоа беа вистински денови за паметење, со згоди и незгоди.
извор: babambitola
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.