| четврток, 6 декември 2018 |

Аплауз за Владо: Одбивам да бидам хипнотизиран и да поверувам дека јас сум терорист

„Снимив 50 претстави, филмови, реклами за да се јакне културата на Република Македонија“, рече актерот Владо Јовановски, обвинет за случувањата на време на крвавиот четврток во Собранието.

„Ова што ми се случува не дека не можам да го разберам, но одбивам да бидам хипнотизиран и да поверувам дека јас сум терорист. Жалам за повредените. Длабоко се извинувам. Не го љубам насилството. Зборот, освен тоа што има текст, има и контекст и поттекст и мисла, емоција, вибрација и фреквенција. Да сме живи и здрави и да живее Република Македонија. Ве љубам сите“, рече Јовановски, на што некои од обвинетите му аплаудираа.

 

„Со оглед на вашата професија, ја разбирам вашата речитост, но немојте со аплаузи. Сите сме патриоти. Предавници нема“, рече судијката Добрила Кацарска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top