| четврток, 6 декември 2018 |

Не можел да поднесе: Врската на неговата девојка со малолетното момче го скршила!

Италијанската актерка која беше првата жена која јавно го обвини холивудскиот продуцент Харви Вајнстин за силување и го поттикна движењето #MeToo, призна дека имала секс со Џими Бенет кога тој имал само 17 години, но негира дека таа му платила да молчи за тоа.

Арџенто (42) и Бенет, кој е 20 години помлад од неа, играа заедно во филмот „The heart is deceitful above all things“ во кој глумеа син и мајка која се занимава со проституција.

Во судските документи што ги поднесе наводната жртва Џими Бенет стои дека италијанската актерка сексуално го нападнала во хотелска соба во Калифорнија во 2013 година, кога тој имал само 17 години.

Таа му дала алкохол, го легнала на креветот, му пружила орален секс и потоа имала секс со него. Старосната граница за легална согласност за секс во Калифорнија е 18 години. Арџенто тогаш имала 37 години.

Актерката во разговор за „Дејли мејл“ рече дека не знаела колку години имал Бенет тогаш и дека нејзиниот долгогодишерен партнер Ентони Бордејн му платил на Џими 380.000 долари за да молчи, бидејќи таа немала толку многу пари.

ТВ-ѕвездата Бордејн неодамна изврши самоубиство со бесење од засега непознати причини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top