| четврток, 6 декември 2018 |

Славниот готвач бил пред банкрот: Бордејн имал само 1,2 милиони долари, а еве кому ќе припаднат тие пари

Славниот американски готвач Ентони Бордејн кој неодамна изврши самоубиство, со тестамент најголем дел од богатството од 1,2 милиони долари и го оставил на својата 11 годишна ќерка Аријана.

Оставината ја сочинуваат 425.000 долари во готовина и заштеда, 35.000 долари во акции, 250.000 долари личен имот и 500.000 долари во нематеријален имот, вклучувајќи ги и авторските права, пренесува Дејли меил.

Во обелоденетите судски документи се наведува дека Бордејн има хипотека во вредност од 1,1 милион долари, но не е познато каде се наоѓа таа.

За многумина вредноста на имотот на Бордејн е изненадување, бидејќи таа претходно се проценуваше на 16 милиони долари. Извршител на тестаментот е поранешната сопруга на Бордејн, Отавија Бусија, со која ја има ќерката Аријана и од која се разведе пред две години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top