АКТО Агора, АКТО за заедницата, АКТО Уметничка програма, АКТО Музика и АКТО Воз се петте програмски целини на 13-то издание на фестивалот за современи уметности АКТО што, во организација на невладината Факултетот за работи што не се учат, ќе се одржи од 23 до 25 август во Битола.
Куратори на Фестивалот се Ивана Васева и Филип Јовановски. Зад АКТО Агора крај нив застана Биљана Тануровска – Ќулавковски, а музичката програма ја потпишуваат Виолета Качакова и Мирко Попов. Во рамки на фестивалот ќе земат учество многу соработници, кои имаат за цел да го градат неговото социјално, културно – уметничко и урбано заедништво, а како простори за своите активности, фестивалот ќе ги користи јавните ресурси кои ги нуди градот.
АКТО годинава го отвора прашањето: „Во кој контекст се создава фестивалот и каков контекст тој создава?“. Програмата на 13. АКТО Фестивал за современи уметности ќе се обиде да ги воочи актуелните социјални нееднаквости и прекаријатности како поттик за солидарност и заедничка работа. Згора на тоа АКТО ќе работи и за локалната заедница преку своите работилници, промовирајќи ја колективноста, заедничкото учење и еманципација како водечки парадигми на Фестивалот, а и преку музичката програма не само да го мотивира локалниот контекст, но и да ги акцентира важните музички достигнувања ( пример темата „Продукција на македонска музика издадена на плочи и дизајн на обвивки некогаш и сега“ со дискутанти како Бодан Арсовски, Мирослав Грчев, Тошо Филиповски, Филип Тасевски Фиц, Мирко Попов и Виолета Качакова .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.