| четврток, 6 декември 2018 |

Ендру Бајнам е новиот центар на Кливленд

Кливленд Кавалирс му понуди двегодишен договор на 25-годишниот центар за кој ќе заработи 24 милиони долари.
Бајнам минатата сезона беше во Филаделфија, но поради повреда на двете колена воопшто не заигра за 76-ките.

Тој на почетокот на минатата сезона стигна во Филаделфија како големо засилување по „трејдот“ со кој неговото место во Лос Анџелес „Лејкерс“ го зазеде Двајт Хауард.

Ендрју Бајнам од ова лето е слободен агент, па разгледува повеќе опции. По понудата од „Кавалирс“ отпатувал во Атланта на преговори со Хокс, а екипата од Кливленд не губеше време, па стапила во контакт со Андреј Кириленко и со Елтон Бренд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top