Поголема група што работела со шверцување стока е уапсена во голема полициска акција што утрово и претпладнето се одвива во повеќе места во западниот дел на Македонија.
Според првичните неофицијални информации, во акцијата се уапсени двајца полициски командири од граничната полиција и уште неколку други полициски службеници. Меѓу уапсените има и странски државјани. Тие се осомничени дека шверцувале стока од Албанија во Македонија.
МВР потврдува дека е во тек акција и дека се вршат претреси на повеќе локации, но не соопштува детали додека не завршат сите полициски активности. Повеќе детали полицијата најави за утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.