Фудбалскиот сојуз на „аѕурите“ соопшти дека се потврдени обвиненијата за местење натпревари против познатите италијански клубови Лацио, Лече и Џенова.
Обвинителството ги истражува натпреварите меѓу Лацио и Џенова, како и меѓу Лече и Лацио од мај 2011 година. Овие две средби завршија со идентични 4:2 за небесносините од вечниот град.
Покрај Маури, обвинети се и поранешните фудбалери на овие три тима, Марио Касано, Карло Џервасони, Масимилијано Бенази, Омар Милането, Алесандро Замперини, Антонио Росати и Стефано Ферарио.
Доколку биде докажано дека споменатите пресметки биле наместени, фудбалерите ќе заработат суспензии, додека на клубовите ќе им бидат одземени бодови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Силен ветар однесе пет жртви во Италија
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја