| четврток, 6 декември 2018 |

Грците немаат пари да одат на одмор

 plaza grcijaСедумдесет и три проценти од Грците немаат можност да одат на одмор – покажуваат резултатите од анкета направена од страна на Институтот за истражување на потрошувачите на Грција. Седумдесет и три проценти од грчките потрошувачи изјавиле дека не планираат ниту пак веруваат дека до крајот на годинава ќе можат да заминат на некое патување.

Бројот на Грци што не можат да заминат на одмор расте. Минатата година 69 проценти се изјасние дека немаат можност да одат на одмор.

Причините за тоа, според авторите на анкетата, се главно финансиски, 70 проценти. Од анкетираните, 20 отсто посочуваат дека причините за тоа се поврзани со несигурноста во работата, а 10 отсто велат дека нивните професионални ангажмани не им дозволуваат да летуваат оваа година.

Времетраењето на летниот одмор на едно домаќинство во Грција драстично падна, 40 отсто велат дека ќе одмараат 4 дена, а 20 дена одмор ќе можат да си дозволат само два отсто од Грците.

Главна причина за неможноста Грците да уживаат на други плажи освен своите е секако финансиската состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top