Министерката за здравство на Австрија Забине Оберхаузер почина денеска од рак.
Како една од ретките Оберхаузер излезе во јавност со информацијата дека боледува од рак и дека морала во повеќе наврати да престојува во болница.
За својата борба против ракот таа редовно, преку социјалните мрежи редовно ја известуваше јавноста, а се појавуваше и на седниците на владата без коса по хемотерапијата.
Поради таковото однесување таа на многу луѓе што боледуваат од тешката болест им беше пример и им даваше сила да ја продолжат борбата.
Откако и беше малку подобро, Оберхаузер мораше повторно да се врати во болница на почетокот на овој месец, па нејзините работи ги презедоа другите членови од владата.
Инаку Оберхаузер беше педијатар по струка, а пред да стане министер за здравство беше потпретседателка на Сојузот на синдикатите на Австрија како и претседателка во Сојуот на синдикати.
Како пратеничка беше задолжена за здравството а се бореше и за правата на жените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.