Јувентус е шампион на Италија, но потезите што ги прави во летниот преоден рок се неочекувани и ќе мионат со продажба на двајца истакнати фудбалери кои помогнаа да се триумфира во Серија А. Репрезентативецот на Италија, Еманеуле Џакерини, веќе замина во Сандерленд за 8 милиони евра, а на ред за збогување со Јувентус, според информациите на италијанските медиуми е и Алесандро Матри. Одличниот напаѓач ќе биде продаден на клуб што ќе плати околу 15 милиони евра, а заинтересирани се Милан и Лацио и неколку руски екипи.
Јувентус го купи напаѓачот на Атлетик Билбао, Љоренте, па затоа Матри ќе си оди. На прагот на заминување е и Маурицио Исла. За чиеланскиот репрезентативец е заинтересиран Интер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Силен ветар однесе пет жртви во Италија
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја