Денеска се навршуваат 18 години од геноцидот во Сребреница. На денешен ден армијата на босанските Срби, под команда на Ратко Младиќ, влезе во муслиманската енклава во источна Босна, официјално прогласена за зона за безбедност на ОН, убивајќи околу 8.000 муслимански мажи и момчиња.
Во меморијалниот центар „Поточари“ во близина на Сребреница денеска ќе бидат погребани посмртните останки на уште 409 жртви во масакрот. Во меморијалниот центар досега се погребани 5.657 лица.
Нападот врз Сребреница почна на 6 јули 1995 година и заврши пет дена подоцна со влегувањето на војниците на генерал Младиќ во градот. За време на нападот во градот бил сместен холандски контингент од силите на Обединетите нации, кој не успеа да го заштити населението.
Според обвинителниот акт на Хашкиот трибунал против генерал Ратко Младиќ, до 19 јули војниците под негова команда убиле околу 8.000 муслимански мажи и момчиња, а околу 30.000 жени и деца биле депортирани за два дена. Најстарата жртва била родена 1919 година, а најмладата штотуку родено бебе.
Меѓународниот суд во Хаг за геноцидот во Сребреница досега осуди осум лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мајка му помагала на повредените, без да знае дека Владислав е крвопролевачот од Крим
-
Масакр во Валона, момче уби осум роднини со калашников
-
Ужас во Флорида: 17 убиени лица, напаѓачот е поранешен ученик (галерија) (видео+18)
-
Пријател на Јелена открива: И било страв од годишнината на бракот која доаѓала