| четврток, 6 декември 2018 |

Росоклија: Ни едно знаме на Илинденците не е бугарско, да им се извиниме на Бојко?

И еминентниот професор од американскиот универзитет Колумбија, Горазд Росоклија, се вклучи во „јавната расправа“ на релација Скопје – Софија околу карактерот на Илинденското востание.

„Знамето ги симболизира вредностите на земјата, целите за кои се борат воините и е симбол на слобода и еднаквост на луѓето. Такви се знамињата на Илинденците и ниту едно, апсолутно ниту едно знаме во востанието не е знамето на бугарската држава – пишува професорот Росоклија на својот ФБ профил за на крајот иронично да забележи:

„Да им се извиниме на Бојко и на другиот за пропустот што го направиле Илинденците“?

Пораката е повеќе од јасна.

Откако бугарската политичка и научна фела се најде навредена зашто Зоран Заев во гостувањето на една домашна ТВ рече дека е Илинденско, македонскиот премиер на Фејсбук напиша дека бил невнимателен, што во Софија беше протолкувано како извинување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top