Автокефалната на Самуил, како автокефална и единствена во царството не можела да биде подредена на друга црква освен формалната подреденост на Константинопол на сите православни цркви, пишува Горазд Росоклија во статус на Фејсбук.
Фејсбук статус на Горазд Росоклија
МПЦ-ОА?
КОЈА Е ОВАА ЦРКВА И КОИ СЕ ОВИЕ ЛУЃЕ ВО НЕА?
Дали во 1958 година кога е формирана МПЦ, се возобнови автокефалната Охридска архиепископија на Самуил, како што стои во историјата на МПЦ-OA?
Дали се возобнови автономната Охридска архиепископија формирана од Византија во 1019 година, после поразот на Самуил?
Овој од Бигорски или неговите шефови во Скопје, нека ни кажат која црква е возобновена, во која црква служат?
За да им кажеме дека која црква и да е возобновена во лицето на МПЦ-ОА, ниту бугарската ниту српската црква можат да бидат помајка на МПЦ-ОА.
Автокефалната на Самуил, како автокефална и единствена во царството не можела да биде подредена на друга црква освен формалната подреденост на Константинопол на сите православни цркви.
Автономнатата исто така.
Според однесувањето на карактерот што глуми духовник во Бигорски, МПЦ-ОА е непостоечка црква, никогаш формирана како автокефална, а тој и тие, свештениците истомисленици, се свештеници на бугарската
црква која им е мајка црква.
Среќен им пат во нивната црква и што побргу нека ги напуштат македонските цркви и манастири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.