| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотрес на Јадранот, испукале згради, места останале без струја!

Земјотрес со јачина од 4,7 степени по Рихтер го погодил централниот дел на италијанската страна на јадранскиот брег, соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика и вулакнологија.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Монтечилфоне, на длабочина од 19 километри, а се почувствувал во 23.48 часот, пренесува Анса.

Како што се наведува, после првиот удар, се случил уште еден помал земјотрес со јачина од 2,3  степени.

Засега нема податоци за жртви, но змејотерсот предизвикал оштетувања и пукнатини на зградите и половина место останало без струја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top