Дваесет и шестгодишниот египетски фоторепортер Ахмед Асем, кој работел за весникот „Ал Хори Ва Ал Адала“ беше убиен од војник на египетската војска во моментот додека го снимаше со видеокамера.
На видеото е снимен војник кој пука од покривот на зграда во Каиро, при што во еден момент сосема неочекувано ја насочува пушката кон фоторепортерот и го убива.
Асем е еден од педесетината убиени кои биле пред зградата на Републиканската гарда, каде што се верува дека се чува соборениот претседател Мохамед Морси. Тој бил на местото каде што приврзаниците на Муслиманското братсво се молеле на утринската молитва. Снимката е објавена откако неговата камера и мобилен телефон биле пронајдени во привремениот камп пред зградата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.