| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ со најновиот закон за УЈП удира по приватноста на граѓаните

-СДСМ со најновиот закон за УЈП удира приватноста на граѓаните.СДСМ ќе може да има увид во секоја банкарска сметка на секој еден граѓанин. СДСМ ја укинува т.н „банкарската тајна” која е основен принцип на приватност на секој еден граѓанин. Секогаш кога и да посака СДСМ или било кој од СДСМ ќе можат да му влезат на секој еден жител од Република Македонија во неговата домашна приватност, во неговите сметки и во неговиот паричник –  истакна на прес конференција денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Дали со удирањето по приватноста се сака да се добијат информации кои што подоцна ќе се искористат за политички малверзации и рекет врз одредени луѓе и фирми?

Сите овие податоци кои до сега беа „банкарска тајна” ќе може да ги гледа било кој и да стигнат до било кого. Со ова укинување на приватноста на сметките на граѓаните, тие стануваат потенцијална мета на разни уцени, закани и останати криминогени дејанија на одредени структури, кои после овој закон многу лесно ќе може да стигнат до податоците за тоа кое семејство колку пари има и поседува.

Зад таканаречената транспарентност, граѓаните стануваат предмет на контрола од страна на СДСМ.

Член 25 Устав на Република Македонија вели: „На секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот.“ Со овој закон на СДСМ им се укинува приватноста на граѓаните во делот на банкарските и личните сметки и до нив ќе може да дојде буквално било кој.

Дополнително, со ова СДСМ и Министерството за финансии ќе ги принудат граѓаните на свој начин да си ја зачуваат приватноста на своите сметки и ќе стимулираат даночна евазија.

Со овој закон ќе се стимулира сивата економија како во деведесеттите години и од држава на даночни обврзници ќе станеме држава во која во која царува сивата економија благодарение на СДСМ.

Со овој закон наместо зголемување на приливот на пари во Република Македонија, ќе има одлив на парите.

За крај, дали СДСМ со овој закон сака да ги стави под контрола граѓаните на Република Македонија на најперфиден начин така што ќе имаат увид во сечија сметка?

Почитувани,
Ова е начинот на кој што СДСМ ја практикува слободата и приватноста. Сега граѓаните имаат можност да видат што значи РЕЖИМ.

На крајот, Република Македонија и граѓаните ќе победат, а приватноста и понатака ќе биде нивно основно загарантирано право.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top