| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден скандал: Вработените на Институтот за ТБЦ немаат земено плата

Јавното здравство во Македонија не престануваат да го тресат скандали. Имено до редакцијата на Инфомакс пристигнала информација дека вработените Институтот за ТБЦ веќе два месеци немаат земено плата. Според информациите на Институтот за Турбекулоза нема доволно персонал, а вработените работат и по 50 часа неделно за да ги задоволат потребите на пациентите, пишува Инфомакс.

И покрај нивната макотрпна и хумана работа тие се оставени без плата. Директорот на здравствената установо се наоѓа на годишен одмор, кој започнал на 13 јули и не е достапен за вработените, кои го чекаат неговите потпис за да добијат плата. За трагедијата да биде уште поголема директорот на Институтот, Предраг Божиновиќ не е експерт за белодробни заболувања, туку гинеколог кој е поставен единствено како партиски кадар, а сега поради него вработените не можат да земат плата

Хаосот во здравството владее веќе една ипол година, а граѓаните ја плаќаат цената за ваквата состојба, неретко и со своите животи. Таравари не остана запатен како министер кој што промени нешто во македонскиот здравствен систем, а ја загуби работата само поради дворските игри и пропаста на коалицијата помеѓу СДСМ и Алијансата за Албанците. Откако Таравар ја нпушти министерската позиција и стана градоначалник на Гостивар, министерството за здравство остана без министер повеќе од 4 месеци, за потоа во министерската фотелја да седне Венко Филипче. Филипче дополнително ја влоши состојбата, поради фактот што единствена грижа му се тендерите кои редовно ги добиваат луѓе блиски до СДСМ и фантомски компании, формирани за една намена, испумпување на државни пари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top