| четврток, 6 декември 2018 |

Во Македонија нема Западнонилска треска, но набргу може да се појави

Во Македонија досега нема случаи треска предизикана од вирусот Западен Нил, но се очекува и кај нас да се појави болеста, соопшти Гордана Кузмановска, епидемиолог во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Таа рече дека лабораториските анализи на двата сомнителни случаи, возрасна жена и дете, биле негативни, односно не е утврдено присуство на вирусот. Кузмановска посочи на состојбата во соседството, со повеќе од сто случаи во Србија годинава и 55 заболени во Грција во последните две седмици и рече дека вирусот може да се појави набргу и кај нас.

– Очекуваме и кај нас да се појави случај. Не може да се предвиди кога болеста ќе се појави, а може многу брзо да се рашири – рече таа.

Овој вирус се пренесува од комарци, па Кузмановска препорача да се користат средства за заштита од комарци, да се носи облека што ќе спречи каснувања, како и да се заштитат прозорците и вратите со комарници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top