Четири лица починаа од вирусот западнонилска треска во Србија само минатата недела соопшти Институтот за јавно здравје „Милан Јовановиќ Батут”.
Од почетокот на годината заболени од вирусот во Србија се регистрирани 286, а 29 лица досега починаа. Пациенти биле регистрирани во 14 области, но најмногу заболени досега се регистрирани на територијата на Белград, односно 141 лице, јавува „Танјуг“.
Во земјите на Европската унија досега се регистрирани 798 случаи на западнонилска треска, и повеќето пациенти се во Италија или 327 заболени лица, додека во Грција има регистрирано 168 случаи, а во Унгарија 134.
Досега 44 лица загинаа во ЕУ, од нив 18 во Грција, 13 во Италија и 12 во Романија. Во Србија вирусот за првпат бил регистриран во 2012 година, а оттогаш па се минатата година пријавени биле вкупно 574 случаи на заболени, од кои 61 лице починало.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.