| четврток, 6 декември 2018 |

Линкевичиус: Ќе се бориме Македонија да добие датум во декември

grujo vo litvanijaМинистерот за надворешни работи на Литванија, Линас Линкевичиус, со порака дека за време на председавањето на неговата земја со Европската Унија ќе се борат за тоа Македонија да добие датум на Самитот на Европскиот совет во декември.

Линкевичиус напоменува дека е потребно Унијата да добие јасни сигнали дека Македонија е кредибилен партнер, дека испорачува, се подобрува и го враќа процесот назад на вистинскиот пат, со цел и да се осигура дека Европската комисија ќе ја повтори препораката.
„Таквата препорака, дефинитивно ќе се дискутира на ГАК-т, кој го водам. Месецов ќе имаме и асоцијациски состанок со вашата земја, кој јас ќе го предводам исто така. Имаме многу да кажеме дека доаѓа во однос на вас. Генерално, ние говориме дека Западен Балкан е дел од нашите приоритети, но и веруваме дека Западен Балкан треба да е составен дел од европската заедница и не само вашата земја, туку и другите. Имаше неколку успешни приказни, кои треба да се следат, да се направи најдоброто, главна порака е дека испораката треба да дојде од страна на нашите партнери. Тие треба да покажат подготвеност да соработуваат, да постои прогрес“, изјави Линкевичиус.

Тој потести и дека пред неколку дена се сретнал со македонскиот премиер Никола Груевски во Вилнус и имале многу интересен состанок.

„Заедно минавме низ агендата што ќе ја имаме и јас му реков дека Литванија ја поддржуваше вашата земја и за време на интеграцијата во НАТО и искрено говорејќи ние сме во ист тим“, изјави Линкевичиус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top