| четврток, 6 декември 2018 |

Апсењето на Јакимовски, реваншизам за мега корупцискиот скандал кој тој го обелодени за Заев

Пред речиси 2 години лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски обелодени мега скандал поврза со актуелниот премиер Зоран Заев, и тврдеше дека Зоран Заев како претседател на СДСМ му побарал на Јакимовски мито од неверојатни 250 илјади евра. Јакимовски уште тогаш истакна дека има доказ, ливче на кое писмено Заев ги напишал своите барање, иако лидерот на ГРОМ тогаш во јавноста го обелодени скандалот, неговиот глас не допре до Основното Јавно Обвинителство.

50 илјади евра Заев му побарал на Јакимовски за изградба на црквата во Струмица, исто толку пари му побарал за развој на спортот и културата во оваа општина, додека 100 илјади евра Заев му побарал за граѓаните во општината од ромска националност

Имено Јакимовски во изјава за Канал 5 тогаш изјави:

-Се закануваат луѓе кои што се вмешани во криминал до гуша. Целиот врв на СДСМ. Уште еднаш повторувам дека Заев е човек кој што е близок до криминалот и дека тој е упрљан и тоа многу. Затоа што мене лично за фирма која што требаше да управува со цврстиот отпад во струмичкиот регион ми испостави ливче на кое што пишува дека 50 илјади евра треба да се дадат за спортот во Струмица, 50 илјади евра да се даде за црквата што се гради во Струмица, 50 илјади за културата и 100 илјади евра како тој што вели ,,ромите го јаделе секое сабајле му барале пари пред врата“, него лично да му се дадат за да може тој да ги исплаќа тие сметки, изјави Јакимовски на 11 март 2016 година.

Денес после речиси две години сме сведоци на класичен рефаншизам од страна на Заев поради обвинувањата кои тогаш пристигнаа од неговиот поранешен сопартиец. Македонија веројатно е единствената земја на Европскиот континент каде во 21 век спектакуларно се апсат лидери на опозицијата. Јавноста, но и адвокатот на Јакимовски сметаат дека се работи за политичка хајка поради политичкото делување на Јакимовски пред најавениот референдум за договорот за промена на името со Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top