| четврток, 6 декември 2018 |

Глисер удрил 28-годишна девојка од Русија

 

28-годишната Ксенија Корсова од Русија денеска беше итно пренесена во болница откако утринава додека се капела во водите на Јадранското Море во Хрватска ја удрил глисер.

Како што информираше капетанот за безбедност на пристаништето, инцидентот се случил околу 10 часот.

-На 400 – 500 метри од светилникот ‘Тре сорел’ дошло до контакт помеѓу глисерот, кој бил со американско знаме, меѓутоа го управувал 36-годишен маж од Котор, и Ксенија Корсова од Русија, која се капела во морето- изјави надлежното лице за безбедност на пристаништето.

Веднаш по инцидентот, момчето ја извлекло девојката од вода и, како што соопштија надлежните за тамошните медуими, повикал брза помош и ја однел девојката на брегот, по што со возило на итната медицинска помош таа е префрлена во најблиската болница.

Од почетокот на годината досега се забележани околу 19 инциденти во водите, во кои седум лица ги загубиле своите животи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top