Грчките власти почнаа истрага за да се утврди причината за сударот меѓу туристичкиот брод и глисерот во близина на островот Егина, во кој загинаа четири лица, меѓу кои и петгодишно девојче. Сударот се случил околу 13 часот вчера кога глисерот удрил во бродот во кој имало 20 туристи. Според крајбрежната стража, во сударот загинале петгодишнио девојче, нејзиниот 44 годишен татко, грчкиот капетан на бродот и една жена.
Телата на првите три жртви беа пронајдени бргу после сударот, од кој бродот бил расцепен на половина и потонал. Телото на жената било откриено речиси два часа подоцна на длабочина од 20 метри. Во несреќата потешко се повредени четири лица, меѓу кои и една 29годишна жена, чија лева нога била делумно отсечена.
Уште три лица се здобиле со полесни повреди, додека останатите туристи од бродот биле однесени во здравствениот центар во Егина и биле во шок. Четирите лица, кои биле во глисерот, не се повредени.
Според крајбрежната стража, капетанот на глисерот, на возраст од 78 години, бил испрашуван за да се утврди што се случило за време на сударот. Тој тврдел дека не пловел брзо и оти не го видел бродот, додека очевидци рекле дека глисерот се движел со голема брзина и поминал букално низ средината на бродот, по што се преполовил и потонал
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција