| четврток, 6 декември 2018 |

По пожарите во Грција сменети се началниците на полициските сили и противпожарната бригада

Началниците на полициските сили и противпожарната бригада во Грција се сменети по неодамнешните пожари во Атика, каде што загинаа најмалку 91 лице.  Смените следат откако во петокот под притисок на јавноста оставка поднесе министерот за јавен ред Никос Тоскас. Неговата функција ја презеде министерот за внатрешни работи Панос Скурлетис.

Функциите на началниците на овие две служби ќе ги преземат нивните заменици, соопштено е од кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Бројот на жртви на катастрофалните пожари од 23 јули се искачи на 91, откако уште три лица починаа за време на викендот. Тие се 55-годишна жена, 85-годишен маж и 95-годишна жена. Сите тие претрпеле сериозни изгореници.

Грчките власти соопштија дека 36 лица, меѓу кои и еден малолетник, сѐ уште се во болница. Меѓу нив, шест се во критична состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top