| четврток, 6 декември 2018 |

ЕК бара итен договор за Љубљанска банка

Словенија и Хрватска итно да најдат прифатливо решение за прашањето на Љубљанска банка за да може ратификацијата на хрватскиот пристапен договор да заврши навреме, апелираше Европската комисија

Evropska-komisijaЕвропската kомисија ги повика Љубљана и Загреб да најдат итно решение околу банката. Портпаролот на комесаријатот за проширување Петар Стано прашан дали останува на ставот дека Љубљанска банка е чисто билатерално прашање кое не би требало да влијае врз процесот на ратификација, тој истакна дека „во овој момент не е од помош каков било чекор, изјава или однесување кое не води кон взаемно прифатливо решение за прашањето за Љубљанска банка“.

Изјавата на ЕК уследи по изјавата на хрватскиот преговарач, финансискиот експерт Здравко Рогиќ, кој рече дека согласувањето со словенечкото барање за повлекување на полномошната дадени на Стопанска банка и на Загребската банка двете земји да постигнат договор „практично значи дека Хрватска и подарува на Словенија 278,8 милиони евра“. Рогиќ истакна и дека Словенците треба да изнајдат решение за да се спречи бранот судски пресуди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top