Наместо да го прослави со пријателите и членовите на семејството својот 37 роденден, војвотката на Сасекс ќе биде на друг вид забава – свадба. Таа и Хари вчера беа специјални гости на венчавката на Чарли Ван Страубензи кој е пријател на принцот уште од детските години. Хари беше поканет да биде кум на свадбата, па роденденот на неговата сопруга Меган Маркл очигледно ќе остане во позадина.
Минатата година за нејзиниот ден двајцата успеаја да се сокријат од медиумите и папараците, заминувајќи на краток одмор во Африка. Овој пат, сепак, веќе сериозно ангажирани со кралските обврски, времето само за нив очигледно нема да е приоритет, а забавата за роденденот ќе се одложи за друг пат.

„Не сум од девојките кои пораснале, купувајќи си свеќи за 100 долари. Јас сум од девојките на кои им завршуваше бензинот, додека одеа на аудиција за улога. Тоа што знам каде сум тргнала и што сум постигнала, ми помага да наоѓам рамнотежа во животот“, изјави пред некое време Меган Маркл која го оствари сонот на речиси секое едно девојче – да го сретне убавиот принц, да се заљубат и да има свадба како од бајките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расте од ден во ден: Нови фотографии од бремената Меган Маркл!
-
Надвор од протоколот: Меган размислува да се породи дома!
-
Не можела веќе да издржи: Помошничката на Меган која даде отказ, откри страшни детали за кралското семејство!
-
Принцезите на воена нога: Како лошите односи на Кејт и Меган од џебот на Британците ќе извадат пет милиони фунти


