Јас сум горд што сум првиот премиер што го чествува Илинден како премиер што се поклонува пред гробот на Делчев, рече Заев и остана жив.
115–годишнината од Илинденското востание македонскиот премиер ја обележа со бугарскиот. Тие беа дел од церемонијата на положување венци и цвеќе на споменикот на Гоце Делчев, на плоштадот „Македонија“ во Благоевград. Но, Заев очигледно, не знае кај бил
- Јас сум политичар кој што секогаш сака да внимава на изјавите кои не се во корист на нашата Македонија. Илинденското востание е Македонско, ако некој граѓанин од Бугарија сака да го чествува – нека го чествува. Јас сум горд што сум првиот премиер што го чествува Илинден како премиер што се поклонува пред гробот на Делчев – рече Заев вчера во интервју за 1ТВ.
На овој, којзнае кој по број гаф, на македонскиот премиер, веднаш пристигнаа голем број на реакции.
-
- Ти си прв у многу работи за кои изгледа не си ни свесен. Ти? Ти си геније, чудо природе. Премиер. Да те немавме, ќе моравме да те измислиме – напиша Тони Михајловски.
- Она кога си политикал лидершип на Марс. Ху кеарс каде лежи Гоце? – реагира професорката Билјана Ванковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
За овој гаф не е виновна, но Балканот пак слатко ѝ се смее на Колинда (фото)
-
Да не лупнам глупост, ама скарата го загадува воздухот – лупна и остана градоначалник на Кочани (видео)
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји