| четврток, 6 декември 2018 |

Електронско лето и светски диџеи на плажата „Санрајз“

Првата од неколкуте големи летни забави кои плажата „Санрајз“ ги подготви, ќе се случува во сабота на 20 јули. „SEXY BEACH PARTY’’ ќе биде уникатна тематска забава, каде покрај одлична музика ќе биде присутна и блага еротика. Главната ѕвезда на настанот е секс бомбата и топлес ДЈ-ката од соседна Бугарија, ДЈ Ника, на чии електро и хип хоп звуци ќе играат жешки танчерки.

Кулминацијата на летото ќе биде на 27 јули со “SUNRISE SUMMER FESTIVALOT’’, каде гости се легендите на електронската музика холандските суперстар диџеи Matthew Dekay и Funkerman, а од Израел транс дуото Melicia, како и швајцарскиот транс артист Braincell. Фестивалот ќе се одржи на две сцени, ќе има одлично озвучување, светлосни ефекти, ласери, проекции, како и пена моменти.

festival

Покрај вечерните забави „Санрајз“ исто така планира и богата дневна програма, каде што од 25-ти  до 28-ми јули за првпат во Охрид ќе се одржи Фестивал на коктели, а покрај најразновидни коктели по супер промотивни цени ќе има и богата музичка програма.

Летното лудило продолжува и за празничниот викенд на 1-ви август со настапот на светски познатиот Том Нови, додека пак во сабота на 3-ти август централниот настан на „Санрајз“ е концерт на згодната Антониа Морена, чиј хит „Марабоу’’ моментално е број еден на европските топ листи.

tom novy

Влезниците за сите настани се веќе во предпродажба по промотивни цени во салоните на ОНЕ низ цела Македонија и на дистрибутивната мрежа Купи Карти За Се.

Плажата „Санрајз“ е дел од охридскиот комплекс плажи „Немо“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top