| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе фатат ли и кај нас пеколните жештини од 50 степени како во Европа?

Најголемиот дел од европскиот континент веќе го зафаќа екстремно топол бран со потекло од Африка, кој ќе услови рекордно високи температури на воздухот, и тоа некаде до околу 50 степени. Најпогодени ќе бидат југозападна европа поточно Шпанија и Португалија, а многу високи температури на воздухот ќе има и во западна и во централните предели на Европа.

Од друга страна, пак, кај нас црноморската депреција нема да дозволи овој вистински топол бран да стигне до нашата држава па така кај нас во текот на следните денови ќе се мерат температури на воздухот некаде од 27 до 35 степени, , пишува метео-прогнозерот Славчо Поповски

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Во крајните јужни планински делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Температурата ќе се движи од 21 до 34 степени, а УВ индексот ќе изнесува осум.

Во Скопје слично време со температура од 19 до 33 степени.

УХМР од утре најавува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Најтопло се очекува да биде во средината на следната работна недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top