| четврток, 6 декември 2018 |

Исклучително доживување со Емин Џијан, Хуан Аткинс и Македонската филхармонија

Македонска Филхармонија, под диригентската палка на Џијан Емин и американскиот диџеј Хуан Аткинс, синоќа на сцената на Античкиот театар го направија најдоброто музичко искуство со единствен и несекојдневен спој на електронска и класична музика.  Тричасовниот музички сет на револуционерот во техно музиката, диџејот Хуан Аткинс заедно со еден од најзначајните музичари на македонската современа сцена, Џијан Емин и мајсторството на Македонската филхармонија, преку квалитетниот звук, визуелните, ласерски форми и артистичка игра на светла и бои, понуди забава со исклучително доживување за сите сетила.

-Создадовме настан што ќе биде вистинско уживање за публиката, несекојдневно и досега единствено искуство кај нас. Спојот на електронската и класичната музика е само основата од која ќе произлезе мултисензорно доживување и мултимедијален настан што долго ќе се памети, рекоа организаторите.

За Џијан Емин кој работеше и со Дерик Меј, „досегашната соработка што ја имале со Хуан Аткинс,создава нов начин да се доживее и почувствува музиката и нејзината моќ. Направивме спој на неколку различни медиуми за пренесување емоции и токму тоа за присутните значеше мултисензорно доживување. За мене и за колегите од Македонската Филхармонија е предизвик но исто така и чест што учествуваме во создавањето на ваков, исклучителен и уникатен настан, за каков што македонската публика долго време копнее.“

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top